Република Словенија усвои национална стратегија за отворен пристап до научни изданија и податоци од истражувања

logo_oa_slovenia_2Владата на Република Словенија ја усвои Националната стратегија за отворен пристап до научни изданија и податоци од истражувања во Словенија 2015-2020. Новата стратегија се покрена од процес на јавни консултации.

Работна група, номинирана од министерот за образование, наука и спорт ја подготви нацрт-верзијата на Националната стратегија. Работната група вклучуваше и национална точка за пристап до и зачувување на научни податоци, како и засегнати страни: секторот за наука при министерството; словенската Агенција за истражувања; групата на ректори во Република Словенија; координативното тело на независни истражувачки институции на Словенија; Словенскиот сегашен истражувачки информациски систем (SICRIS); Академската и истражувачка мрежа на Словенија (ARNES); експерти за отворен пристап до публикации и истражувачки податоци, вклучувајќи ги PASTEUR4OA Key Node Slovenia и OpenAIRE Нациооналното биро за отворен пристап во Словенија.

Министерството за образование, наука и спорт објави јавна консултација за нацрт-документот која траеше 15 дена, од 19 мај до 2 јуни 2015, генерирајќи 24 предлози. Извештајот од јавните консултации е достапен на веб страницата за јавни консултации на Министерството (директниот линк до извештајот е овде).

Процесот кулминираше со дополнителни консултации за документот помеѓу министерствата и финално гласање на истиот од словенската влада.

Верзиите на Националната стратегија на словенски и англиски јазик, која формално беше усвоена на 3 септември 2015, се достапни на веб страницата на Министерството за образование, наука и спорт.