Archives for јануари 2015

Се одржа првата Едуконференција за наставници и информатичари 2015

10931349_702306606552083_434547814043420298_nНа 24 и 25 јануари 2015 година, во Хотел Дрим, Струга, се одржа првата Едуконференција за наставници и информатичари 2015, организирана од Пријатели на образованието, а поддржана од Алијанса за отворени образовни ресурси, Мајкрософт, Британски Совет во Македонија, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, ФИНКИ, Бела и фондација Чекор по чекор. [Read more…]

Победници на изборот за Нај ООР наставник за 2014 година

На изборот за Нај ООР наставник за 2014 година, кој траеше до 10 јануари 2015 година, а во кој учествуваа 16 наставници,  за Нај ООР наставници беа избрани:

  • Ненад Начковски од ООУ „11 Октомври“ Куманово – изгласан од членовите на Алијансата за ООР
  • Аида Петровска од ОУ „Димитар Миладинов“ Скопје – избрана од стручна жири комисија

Наградата за победниците на изборот е учество на Едуконференција за наставници и информатичари 2015 која ќе се одржи на 24 и 25 јануари, 2015 година во Хотел Дрим, Струга.