Обновено гласање за избор на Нај ООР наставник

Гласањето за избор на Нај ООР наставник е обновено и може да гласате за вашиот омилен кандидат. Со цел да се овозможи фер и регуларен избор, а да се оневозможат и спречат нерегуларности, членовите на Алијансата за ООР можат да гласаат со помош на кодот за регистрација кој ќе го добијат во имејл порака, а кој може да се искористи само еднаш, односно принципот на гласањето е еден човек – еден глас.

Во гласањето може да учествуваат сите членови на Алијансата, а пак новите членови кои дополнително ќе се приклучат на Алијансата додека трае гласањето исто така ќе добијат имејл порака со код и можност за гласање. Гласањето трае до 10 јануари 2015 година.

Поради технички пропусти првичното гласање за Нај ООР наставник беше анулирано.