Archives for декември 2014

Се одржа Меѓународниот ден на археологијата 2014

b1fd4b09abffef54d7326d218afcfa5eacd02ab348be7ec71dceca801e8011d7На 23 декември 2014 год., во конференциската сала на Музејот на македонската борба, со почеток во 19:00 часот се одржаа серија предавања од областа на археологијата по повод „Меѓународниот ден на археологијата 2014“. Настанот под мотото на отворени образовни ресурси, во организација на Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“ – Скопје, го проследија 60 присутни. [Read more…]

Обновено гласање за избор на Нај ООР наставник

Гласањето за избор на Нај ООР наставник е обновено и може да гласате за вашиот омилен кандидат. Со цел да се овозможи фер и регуларен избор, а да се оневозможат и спречат нерегуларности, членовите на Алијансата за ООР можат да гласаат со помош на кодот за регистрација кој ќе го добијат во имејл порака, а кој може да се искористи само еднаш, односно принципот на гласањето е еден човек – еден глас. [Read more…]

Известување: Анулирање на гласањето за избор на Нај ООР наставник

Поради утврдени технички пропусти во начинот на гласање за избор на Нај ООР наставник, гласањето е анулирано. Со цел да се овозможи фер и регуларен избор, гласањето ќе биде обновено во најкус можен рок.

Препораки за работа со отворени образовни ресурси

preporakiНа работната средба која се одржа на 3 јуни 2014 година, а на која беа присутни претставници на Алијансата за ООР, како и членовите на координативната група, беа утврдени неколку клучни елементи и состојби кои ќе помогнат во изработка на планот за понатамошната работа со ООР.

Преземете и погледнете ги препораките (.pdf)  [Read more…]

Најава за предавање – Меѓународен ден на археологијата 2014

arhologija dekemvri 2014Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“ – Скопје, ве поканува на серија предавања од областа на археологијата по повод „Меѓународниот ден на археологијата 2014′, на ден 23.12.2014 год. (вторник), во конференциската сала на Музејот на македонската борба, со почеток во 19:00 часот. [Read more…]