Нацрт закон за авторски права од ЕИФЛ

Најпрво објавен во 2009, нацрт законот за авторски права на ЕИФЛ (2014) е практичен водич за помош на библиотекарите, како и на нивните правни советници и креаторите на политики, при ажурирање на националните закони. Предлогот содржи одредби кои го поддржуваат пристапот до знаење и мисијата на библиотеките во интерес на јавноста. Ажуриран во 2014 година, има за цел да ги отсликува последните законски случувања, тековните размислувања за политиките за авторски права и библиотечни услуги овозможени од страна на новите технологии.

Нацрт законот на ЕИФЛ беше изготвен со инпут од страна на меѓународната библиотека и експерти за архивирање и авторски права, и го дополнува и подобрува предлог законот за авторски и поврзани права (2005) од Светската организацијата за интелектуална сопственост (WIPO), претходно достапен онлајн.

Нацрт законот на ЕИФЛ:

  • содржи кохерентен сет на дефиниции и исклучоци и ограничувања во авторските права за библиотеките и нивните корисници;
  • целосно се однесува на дигиталната средина;
  • има важни одредби за дигитално зачувување, интербиблиотекарно доставување на документи, напуштени дела, преводи и извлекување на информации од текст/податоци;
  • содржи флексибилен исклучок за „идно обезбедување“ на законот за технолошки напредоци;
  • покрива само некомерцијални слободни употреби, на пр. бесплатни и без потреба за дозвола од оној кој ги поседува авторските права.

Секој исклучок и ограничување е придружено со кратка порака со објаснување која ја опишува целта на политиката на одредбата и пример за нејзините ефекти.

Нацрт законот на ЕИФЛ е „работа во тек“. Сите коментари и фидбек се добредојдени.

Нацрт законот за авторски права на ЕИФЛ кој вклучува предлог исклучоци и ограничувања за библиотените и нивните корисници (2014) Преземете го нацрт законот за авторски права на ЕИФЛ (.pdf) (2MB)

Извор: www.eifl.net