Започнува Недела на отворен пристап 2014

Неделата на отворен пристап (20 – 26 октомври), глобален настан кој се случува веќе осма година по ред, претставува можност за академската и истражувачката заедница да продолжи да учи за потенцијалните придобивки од отворениот пристап и да го споделат наученото со колегите, да помогнат да се инспирира поширока вклученост во идејата отворениот пристап да постане нова норма во образованието и истражувањето.

Отворениот пристап до информации – слободен, брз, онлајн пристап до резултати од научно истражување, и правото да се употребуваат и реупотребуваат тие резултати онака како што ви се потребни – ја има моќта да го трансформира начинот на кој се спроведуваат научните истражувања. Има директни и големи импликации за академскиот сектор, медицината, науката, индустријата, и општеството во целост.

Отворениот пристап има потенцијал да ги максимизира инвестициите во истражувањето, да се зголеми изложувањето и употребата на објавеното истражување, да ја фасилитира способноста да се спроведе истражување низ достапната литература и да се подобри севкупниот напредок на обраозванието. Агенциите за финансирање на истражувања, академски институции, истражувачи и научници, наставници, студенти и членови на генералната јавност секоја година се повеќе го поддржуваат отворениот пристап. Неделата на отворен пристап е клучна можност за сите членови на заедницата да преземат акција и да помогнат оваа динамика да се движи напред.

Вклучете се. Учествувањето во Неделата на отворен пристап може да биде многу едноставно или пак подинамично доколку сакате. Исто така, може да биде шанса да ја искористите вашата имагинација и да се сетите на нешто поамбициозно, интересно и забавно.

Неделата на отворен приста е одлична шанса да се поврзете на глобалната динамика кон отворено споделување со напредокот во измените на политиките на локално ниво. Универзитетите, училиштата, истражувачките институти, агенциите за финансирање, библиотеките и НВО го користат отворениот пристап како платформа за прибирање на гласовите на факултетите за политиките за отворен пристап на кампусот, да издаваат извештаи за општествените и економските придобивки од отворениот пристап, да насочат нови средства за поддршка на објавувањето на отворениот пристап и многу повеќе.