Archives for октомври 2014

ЕИФЛ го поддржува повикот да се повлечат новите примероци на лиценци за анализа на текст и податоци од дела и материјали што се заштитени со авторски права, а се користат со претплата

ЕИФЛ се придружи на отвореното писмо од глобалната коалиција за пристап до истражување, научни и образовни организации, библиотеки, основачи и издавачи, кои ја повикуваат Меѓународната асоцијација на научни, технички и медицински издавачи да ги повлечат нивните примероци на лиценци за истражувачки написи кои беа објавени неодамна.  [Read more…]

Пилот проект за ООР на Универзитетот Едвардсвил во Јужен Илиноис

Како резултат на растечките трошоци за учебници и распространувањето на отворените образовни ресурси (ООР), Универзитетот Едвардсвил во Јужен Илиноис спроведува пилот програма со цел да се процени можноста за користење на ООР како бесплатна алтернатива или алтернатива со ниски трошоци за разлика од традиционалните учебници.  [Read more…]

Започнува Недела на отворен пристап 2014

Неделата на отворен пристап (20 – 26 октомври), глобален настан кој се случува веќе осма година по ред, претставува можност за академската и истражувачката заедница да продолжи да учи за потенцијалните придобивки од отворениот пристап и да го споделат наученото со колегите, да помогнат да се инспирира поширока вклученост во идејата отворениот пристап да постане нова норма во образованието и истражувањето. [Read more…]

Серија предавања по повод Меѓународниот ден на археологијата 2014

Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“ – Скопје, ве поканува на серија предавања од областа на археологијата по повод „Меѓународниот ден на археологијата 2014“, на ден 30.10.2014 год. (четврток), во City Hall (поранешен Хард Рок), со почеток во 19:00 часот. [Read more…]

17 онлајн бесплатни бизнис курсеви кои почнуваат во октомври

Учество во масовни онлајн отворени курсеви (МООК) и освојување на 100.000 долари. Звучи како добитна ситуација за повеќето од нас. И технички е точно… доколку сте во добротворно расположение. [Read more…]