Oдредување на квалитетот на отворени образовни ресурси

Отворени наспроти традиционални учебници

Отворените образовни ресурси (ООР) може да им заштедат на студентите илјадници денари, но дали тие се еднакви по квалитет со скапите учебници од традиционалните издавачи? Доколку книгата е слободна, дали ќе помине низ истите академски и уреднички рецензии како и скап учебник? Интересно, одговорот е да. Постојат многу нови ресурси и алатки дизајнирани да му помогнат на факултетот да пронајде висококвалитетни, рецензирани ООР. 

Дали го добивате она што го плаќате?

Едно прашање треба да се земе предвид: Дали традиционалните издавачи на учебници навистина создаваат супериорен производ? Издавачите тврдат дека високите цени на учебниците се потребни за да се покријат трошоците за нивна рецензија, уредувачки развој и врвен квалитет на продукција. Сепак, новите изданија честопати доаѓаат со уште повисоки цени но со многу малку нова содржина која го оправдува високиот трошок. Наместо да купи користен примерок со значителен попуст, студентот купува „ново“ издание со полна цена, а издавачот го жнее профитот.

Алтернативи на ООР

Отворените образовни ресурси може да бидат одлична алтернатива на скапите учебници. Прочитајте го овој напис на Си-Ен-Ен за одличен преглед на новите развои и како слободните ресурси навистина функционираат во училницата. Но, дали слободните ресурси навистина ги исполнуваат истите стандарди за квалитет како традиционалните учебници? ДА! Многу од нив се рецензирани и внимателно развиени од едукаторите.

Каде може да најдете рецензирани ООР

Извор: oercuny.commons.gc.cuny.edu/2014/06/24/helping-educators-determine-the-quality-of-open-educational-resources