Archives for јуни 2014

Одржана работна средба за стратегија за работа со отворени образовни ресурси

На 3 јуни 2014 година, Метаморфозис и Алијасата за отворени образовни ресурси на Македонија одржаа работна средба на тема: Стратегија и план за работа со отворени образовни ресурси (ООР). Средбата се одржа во Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Скопје, а присуствуваа 13 претставници на образовни институции, НВО и индивудуалци кои воедно се и поддржувачи на Декларацијата за ООР, кои дискутираа и разменија идеи за статусот, проблемите, бариерите како и решенијата за отворените образовни ресурси во Македонија.

[Read more…]

Создавање на ООР? Како да ги лиценцирате?

Кога едукаторите традиционално пишуваат учебник, тие генерално треба да потпишат договор за авторски права кај издавачите. Кога пишуваат учебници со отворен пристап или продуцираат некој друг вид на отворени образовни ресурси, нема потреба за потпишување на договор за авторски права – креаторите го задржуваат правото за копирање, дистрибуирање и повторна употреба на нивните дела. [Read more…]

Најава за работна средба на тема: Стратегија и план за работа со ООР

На 03.06.2014 (вторник), 11:00 – 14:00 часот, во Центарот за конференции и студии при Национална и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје,  ќе се одржи работна средба на тема: Стратегија и план за работа со ООР.  [Read more…]