Извештај за отворени образовни ресурси во Македонија (2010)

Извештајот за отворени образовни ресурси во Македонија се фокусира на прашањето на „Отворените образовни ресурси“ (понатаму ООР) и концептот на примена на образовни материјали кои се достапни за слободна употреба, умножување и дистрибуција. 

Анализата врши локализација на прашањата за отворените образовни ресурси и ја испитува состојбата со ООР во рамки на македонскиот образовен и општествен систем. Се дефинираат клучните чинители во воспоставување на функционални и полезни ООР. Оваа анализа  покрај испитувањето на развиеноста и достапноста на ООР во рамките на образовниот систем, го анализира развојот на информатичкиот систем и образовните информатички средства во земјата.

Анализата е спроведена во период од 6 (шест) недели во месеците октомври и ноември 2010 година, а целосниот документ е достапен за преземање (.pdf).