5 лекции кои отворените образовни ресурси можат да ги научат од слободниот софтвер и софтвер со отворен код

Илустрација: opensource.com

Иако заедницата на отворени образовни ресурси (ООР) должи дел од својата генеза на движењата за софтвер со отворен код и слободен софтвер, постојат некои аспекти како и зошто овие движења функционираат, кои недостасуваат или за кои има потреба од поголемо нагласување.

 

1. Не се работи за тоа што споделувате, туку како го создавате

Еден од карактеристичните елементи на движењето за слободен софтвер се проектите за отворен развој. Ова се проекти каде софтверот е развиен кооперативно во јавност, често од страна на луѓе кои придонесуваат од повеќе организации. Сите процеси водат до создавање и пуштање во употреба на софтверот – дизајн, развој, тестирање, планирање – се се случува со употреба на јавно видливи алатки. Проектите исто така активно се обидуваат да ја зголемат својата база на придонесувачи.

Кога проектот има отворено и транспарентно владеење, многу е полесно да се поттикнат луѓето доброволно да вложат напор, бесплатно, кој надминува нешто што може да се плати од страна на затворен проект.

Иако има неколку кооперативни проекти во просторот на ООР, во најголем дел, создавањето на ресурси тежнее кон тоа да биде приватно. Или ресурсите се создадени и објавени од индивидуалци кои работат сами, или развиени приватно од страна на тимови во рамките на универзитетите.

Исто така, во светот на отворен код, вообичаено е неколку компании да вложат напор во истите софтверски проекти како начин на намалување на нивните трошоци за развој и подобрување на квалитетот и одржливоста на софтверот.

Генерално, видот на активност со отворен код на која најмногу потсетуваат ООР се таканаречениот „код на депонија“ каде организација обележува со отворена лиценца нешто што е всушност напуштено. Наместо тоа, ООР треба да се заложуваат за отворена соработка и отворен процес од моментот кога ќе се појави идеја за ресурс.

Мора да се признае дека денес најпопуларните форми на ООР се чини дека се работи како индивидуални фотографии, презентации и подкасти. Тоа можеби делумно е така затоа што не постои култура на создавање на отворена содржина која овозможува полесно да се создаваат поголеми дела.

2. Секогаш обезбедувајте „изворен код“

Многу ООР се дистрибуирани без било каков „изворен код“. Дистрибуцијата на оригинални компоненти на ресурсот ги прави многу полесни за модификација и подобрување. На пример, каде што ресурсот е во формат како пдф, е-книга или слајдшоу, исто така обезбедете ги сите вградени фотографии одделно, во нивната оригинална резолуција, или во нивната оригинална форма која може да се уредува за илустрации.

Дури и кога ООР е една фотографија, не пречи да се дистрибуира оригиналната фотографија како и финалната оптимизирана верзија.

Без „изворен код“ тешко е да се модифицираат и подобруваат ресурсите.

3. Имајте инфраструктура за поддршка на процесите, не само на аутпутите

Досега, инфраструктурата за ООР е насочена кон градење на складишта за завршени дела, но не и инфраструктура за колаборативно создавање на отворени дела (викијата се очигледен исклучок).

Добра почетна точка би била промоција на GitHub како алатка за менаџирање на процесот на создавање на ООР.

4. Имајте јасни принципи кои дефинираат што се ООР, а што не се

Многу се пишува за ООР, но не постојат јасни критериуми кои треба да се исполнат за нешто да се смета за ООР.

За слободен софтвер, постојат четири слободи кои се дефинирани:

  • Слобода 1: Слобода да се стартува програмата за било која намена.
  • Слобода 2: Слобода да се изучува како функционира програмата и нејзино менување за да работи онака како што сакате.
  • Слобода 3: Слобода да се редистрибуираат примероци за да може да му помогнете на вашиот сосед.
  • Слобода 4: Слобода за подобрување на програмата и пуштање во употреба на вашите подобрувања (и модифицирани верзии воопшто), така што целата заедница ќе има придобивки.

Доколку дел од софтверот не ги поддржува овие слободи, не може да се нарече слободен софтвер.

Исто така, да се биде „отворен код“ значи да се поддржува комплетната дефиниција за отворен код објавена од Иницијативата за отворен код.

Доколку нешто не е отворен код или слободен софтвер според дефинициите, тогаш тоа не е слободен софтвер и не постои сива зона, нешто помеѓу.

Иако има многу дефиниции за ООР, не се појавила една која е препознатлива како овие дефиниции. Додека не се повлечат јасни лини за тоа за што се залагаат ООР, тие ќе продолжат да бидат она што ние сакаме да бидат според дузината дефиниции, правејќи ги подложни на отворено перење (лажно претставување на нешто дека е отворено).

5. Не создавајте ООР кои бараат комерцијален софтвер

Во ред, повеќето наставници и ученици се уште користат Microsoft Office, и многу дизајнери користат Adobe. Сепак, не е толку тешко да се развијат ресурси кои може да бидат отворени и уредувани со слободен софтвер или софтвер со отворен код.

Клучот е да се развијат ресурси со употреба на отворени стандарди кои овозможуваат интероперабилност со голем опсег на алатки.

Дали тоа е се?

ООР во одредена мерка се инспирирани од софтверот со отворен код и слободниот софтвер, така што веќе инкорпорираат некои од важните научени лекции, како што е концептот на надградување (и во одредена мера поедноставувањето и подобрување) на слободните и отворени лиценци. Сепак, се работи за нешто повеќе од само лиценцирање!

Извор: opensource.com