Archives for април 2014

Излезе вториот број на академското електронско списание „Хаемус“

Од печат излезе вториот број на ‘ХАЕМУС‘, академското електронско списание посветено на историјата и археологијата на Балканскиот Полуостров, кое исто така, опфаќа широк спектар на поврзани интердисциплинарни проучувања. Бројот за 2013 година поместува актуелни теми и дилеми од областа на археологијата, зооархеологијата, историјата, минералогијата, религијата, уметноста, менаџментот на културното наследство и издавачката дејност. [Read more…]

Отворените образовни ресурси се борат со високите цени на учебниците

Слика: opensource.com

Ебен Аптон е најдобро познат како човекот кој стои зад Raspberry Pi, малечок компјутер кој чини 25 долари, а е создаден за да им помогне на децата да се претворат во програмери. Аптон го наплати 25 долари бидејќи сметал дека тоа е просечната цена на чинење на еден учебник: „Сега разбрирам дека тоа е неточна проценка. Доколку имавме подобра идеја за тоа колку чинат учебниците ќе имавме полесна работа со инженерингот во текот на годините“, неколку години подоцна се пошегува тој во списанието Wired.

Ова е смешна приказна, но истовремено и тажна приказна. Учебниците се скапи. Поскапи отколку што повеќето луѓе кои не се студенти можат да разберат. [Read more…]

Митови и пречки со кои се соочуваат отворените образовни ресурси

Од каде доаѓаат митовите за отворените образовни ресурси (ООР)?

Движењето за ООР се појави за да го трансформира и демократизира пристапот до образование. Владите, компаниите, наставниците и учениците ширум светот создаваат ООР и ги користат на различни начини. Но, фактот дека се поголем број на проекти и луѓе создаваат ресурси слободни за копирање, комбинирање и споделување без некакви ограничувања не гарантира дека ова ќе доведе до системска промена во образованието. [Read more…]