Диплома од Центарот за вишо образование „Tidewater“ со наставна програма целосно составена од ООР – Резултати по една година

На 10 март, Kоалицијата за научно издаваштво и академски ресурси организираше конгресен брифинг за отворени образовни ресурси (ООР) за време на Неделата на отворено образование. Говорникот, Даниел ДеМарте, го опиша искуството кое го има Центарот за вишо образование „Tidewater“ со понудувањето на нивната „Диплома – З“– диплома за вишо образование по бизнис администрација која користи наставна програма составена целосно од ООР.

Центарот „Tidewater“ идентификуваше 21 курс и ги задолжи членовите на факултетот да ја дизајнираат наставната програма. Тие започнаа со посакуваните резултати за секој од курсевите, а потоа го составија наставниот план со ООР, кој ќе ги овозможи тие резултати. Развивањето на наставниот план траеше околу 12 месеци. Една година од започнувањето на програмата, првичните резултати се навистина позитивни.

Програмата со ООР имаше две цели – да се отстрани трошокот како пречка и да се подобрат резултатите од учењето. Учебниците за диплома за вишо образование по бизнис администрација вообичаено чинат 3679 долари, што е речиси третина од трошоците за диплома од Центарот за вишо образование „Tidewater“. Прифаќањето на ООР ги доведува овие трошоци до нула. Студентите и инструкторите се задоволни со квалитетот на ООР кои се употребуваат на часовите. 96% од студентите запишани на курсевите го оценија квалитетот на содржините од ООР како еднаков или подобар од учебниците кои се користат за време на другите предавања.

ДеМарте би сакал и другите училишта да го следат нивниот пример. Центарот „Tidewater“ намерно разви модел кој може да се пресликува. Сите нивни наставни програми се достапни слободно под лиценцата Криејтив комонс – наведи извор, а достапни се и мноштво дополнителни слободни ресурси. 

Тој рече дека постојат неколку клучни работи кои се потребни за да се овозможи отворена програма со ООР да функционира:

  • Посветеност од организацијата за да ги овозможи потребните рсурси за да се состави наставната програма
  • Вклучување на факултетот, кој мора да биде подготвен да заплови во неистражена територија. Во „Tidewater“, професорката Линда Вилијамс одигра клучна улога во овозможувањето на овој курс.
  • Вклучување во пошироката заедница на ООР. „Tidewater“ работеше со Лумен учење за да ја реализира оваа програма.
  • Клучна улога за библиотекарите да работат со персоналот и факултетот.
  • Континуирани напори да се прилагоди и подобри програмата.

„Не сакам да слушам повеќе за студенти кои не се запишале на курс бидејќи не можеле да ја купат книгата“ – вели ДеМарте.

Извор: Tidewater Community College Associate Degree Using All OER Curriculum – Results After One Year