Давање смисла на податоците: Бесплатен онлајн курс на Гугл

Доколку работите со истражувања, прашалници, демографски информации, евалуација на податоци, оцени од тестови или податоци од набљудување, и сте заинтересирани да ги направите покорисни податоците кои ги прибирате организирајќи ги, анализирајќи и применувајќи ги на различни начини, погледнете го онлајн курсот кој е наменет за сите кои сакаат да научат нешто повеќе за тоа како да ги структуираат, визуелизираат и обработат податоците. Ова вклучува студенти, едукатори, истражувачи, новинари и сопственици на мали бизниси.

Курсот е достапен на интернет од 8 март до 4 април.

За да го следите курсот потребен ви е компјутер со пристап до интернет и Гугл корисничка сметка. Предзнаење за статистика не е потребно. Курсот е бесплатен и се што ви е потребно е љубопитност и желба да научите повеќе за податоците, нивното процесирање и техниките за анализирање на податоци.

До овој курс може да пристапите во било кое време, а за да се приклучите потребно е да се регистрирате. Откако ќе го комплетирате курсот, завршувајќи го финалниот проект и финалната проценка до 20:00 часот (Тихоокеанско стандардно време) во петок, 4 април 2014, ќе бидат доделени сертификати за завршување на курсот кој може да се преземат онлајн.

За повеќе информации, посетете го официјалниот веб-сајт.

Извор: http://www.mladiinfo.eu/blog/2014/03/26/making-sense-of-data-free-online-course-by-google