Archives for март 2014

Давање смисла на податоците: Бесплатен онлајн курс на Гугл

Доколку работите со истражувања, прашалници, демографски информации, евалуација на податоци, оцени од тестови или податоци од набљудување, и сте заинтересирани да ги направите покорисни податоците кои ги прибирате организирајќи ги, анализирајќи и применувајќи ги на различни начини, погледнете го онлајн курсот кој е наменет за сите кои сакаат да научат нешто повеќе за тоа како да ги структуираат, визуелизираат и обработат податоците. Ова вклучува студенти, едукатори, истражувачи, новинари и сопственици на мали бизниси. [Read more…]

EdX ќе се здружи со Фејсбук со цел да овозможи отворено образование на интернет во Руанда

EdX, платформата за отворено учење на интернет основана од Харвард и МИТ, се здружи со Фејсбук за да им овозможи на студентите од Руанда, слободен пристап до колаборативни онлајн курсеви. Партнерството беше објавено минатиот месец и ќе служи како нацрт за идни проекти, според соопштението за јавност објавено од страна на Фејсбук. [Read more…]

Работилница за политикa за отворени образовни ресурси во Варшава, Полска

На 18 и 19 март 2014, во Варшава, Полска, во организација на Centrum Cyfrowe, во соработка со Криејтив комонс и SPARC, поддржана од Фондациите Отворено општество, се одржува меѓународна работилница за политикa за отворени образовни ресурси. На настанот, кој е дел од Недела на отворено образование,  присуствуваат активисти за отворено образование, експерти и креатори на политики од девет земји од Европа и Централна Азија кои ќе разменат искуства, ќе дискутираат најдобри практики и ќе направат заеднички планови. Учесниците доаѓаат од Чешка, Германија, Киргистан, Молдавија, Монголија, Полска, Романија, Турција и Македонија, од каде ќе присуствува претставник на Алијансата за отворени образовни ресурси. [Read more…]

Диплома од Центарот за вишо образование „Tidewater“ со наставна програма целосно составена од ООР – Резултати по една година

На 10 март, Kоалицијата за научно издаваштво и академски ресурси организираше конгресен брифинг за отворени образовни ресурси (ООР) за време на Неделата на отворено образование. Говорникот, Даниел ДеМарте, го опиша искуството кое го има Центарот за вишо образование „Tidewater“ со понудувањето на нивната „Диплома – З“– диплома за вишо образование по бизнис администрација која користи наставна програма составена целосно од ООР. [Read more…]

Трета година по ред – Недела на отворено образование

Неделата на отворено образование претставува серија на настани за подигање на свеста за движењето за отворено образование. Третата годишна Недела на отворено образование се случува од 10 до 15 март, онлајн и офлајн низ целиот свет.

Целта на настаните и ресурсите е да се опфатат што е можно повеќе луѓе за да се покажат можностите кои ги создава отвореното образование и што можеме да очекуваме. [Read more…]