Archives for февруари 2014

Се одржа предавањето „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21 век“

На 20 февруари, со почеток во 19:00 часот, се одржа предавањето „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21 век“ на проф. д-р Никос Чаусидис. На настанот во организација на Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ – Скопје, а поддржан од Алијансата за отворени образовни ресурси на Македонија, присуствуваа околу 200 посетители. [Read more…]

Складиштето за отворено знаење на Светска Банка воведува дизајн прилагоден за мобилни телефони

Со цел да остане во чекор со брзиот пораст на корисници на мобилни ширум светот, Светска Банка повторно го лансираше Складиштето за отворено знаење – портал со отворен пристап до публикациите и истражувањата на банката – на надградена платформа, посебно прилагодена за мобилна употреба. Повторно лансираната веб-локација, содржи прилагодлив веб-дизајн кој автоматски се адаптира на големината на екранот на било која направа – без оглед дали се работи за десктоп компјутер, лаптоп, таблет или паметен телефон. [Read more…]

Предавање „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21 век“

На 20 февруари, со почеток во 19:00 часот, во организација на Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ – Скопје, ќе се одржи предавањето „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21 век“ на проф. д-р Никос Чаусидис. Овој настан ќе се одржи во просториите на City Hall. [Read more…]

Иноватор разви инфраструктура која овозможува развој на списанијата со отворен пристап

Џон Вилински гледа на слободната размена на информации како прашање на социјална правдина.

Кога тој препознал дека високиот трошок на списанијата и оневозможува на јавноста пристап до значајни истражувања, Вилински направи нешто повеќе отколку само да разговара за проблемот. Тој изнајде решение кое помогна активно да се трансформира научниот свет на комуникација. [Read more…]

Академиците лансираат веб-локација со торенти за споделување научни трудови и збирки од податоци

Истражувачите од Универзитетот во Масачусетс лансираа веб-локација со торенти што им овозможува на академиците да споделуваат научни трудови и збирки од податоци.

AcademicTorrents на истражувачите им обезбедува стабилна и децентрализирана платформа за споделување на нивните дела со колегите, како и со остатокот од светот. Во моментов, веб-локацијата индексира повеќе од 1,5 петабајти податоци, вклучувајќи ја и мапата на NASA од планетата Марс. [Read more…]