Промоција на копчето за отворен пристап

Денес се воведува Копчето за отворен пристап, алатка за обележување во веб-прелистувачот што им овозможува на корисниците да пријавуваат кога ќе наидат на страница со систем за наплата за академски написи и кога ќе откријат идентични верзии од тие истражувања, но со отворен пристап. 

Копчето го создадоа студентите Дејвид Керол и Џозеф Мекартур, а беше промовирано на „Конференцијата за студенти и млади научни работници – Берлин 11“.

Извадок од соопштението за печат:

Копчето за отворен пристап е алатка во веб-прелистувачот што им овозможува на корисниците да евидентираат кога не им е дозволен пристап до некое истражување, а потоа да наоѓаат алтернативен пристап до истражувањето. Секој пат кога некој корисник ќе наиде на систем за наплата, едноставно ќе кликне на копчето во неговата лента со обележувачи, пополнувајќи изборна дијалог-рамка, а неговата пријава ќе се додаде во мапата, заедно со пријавите од други корисници. Потоа, корисникот добива врска за барање слободен пристап до истражувањето, користејќи ресурси како Google Scholar. Иницијативата за Копчето за отворен пристап се надева дека ќе создаде мапа од целиот свет која ќе го покажува влијанието на одбиениот пристап врз истражувањата.

Креаторите соопштија и дека планираат да ги објават податоците собрани со помош на Копчето за отворен пристап под лиценцата CC0.

Извор: creativecommons.org „Launch of the Open Access Button“ 18 ноември, 2013.