Работилници за отворени образовни ресурси на „Џифони Македонија“

На 21 и 22 октомври фондацијата Метаморфозис ќе се дружи со децата на свои работилници за време на Меѓународниот фестивал за млади „Џифони Македонија“ во Скопје.

Со почеток во 11:30 во Кинотека, ќе се одржат едукативни ликовни работилници, за време на кои децата со цртежи ќе илустрираат интересни едукативни факти. Овие цртежи ќе бидат дигитализирани и достапни на веб-локацијата www.oer.mk како едукативни помагала.

Во рамки на фестивалот ќе учествуваат повеќе од 400 деца од Македонија и земјите во регионот.