ЕК ја претстави иницијативата „Отворање на образованието“ за промовирање иновациска настава и учење

Европската комисија ќе објави соопштение за иницијативата „Отворање на образованието“ чијашто цел е да стимулира висококвалитетни, иновациски начини на учење и настава преку дигиталните технологии и содржини.

Воведувајќи поголема отвореност на средините за учење и обезбедувајќи квалитетно образование на поефикасен начин, ЕУ ќе создаде поквалификувана работна сила со што ќе се зголемат бројот на вработувања, конкурентноста и растот.

Иницијативата „Отворање на образованието“ предлага мерки на ниво на ЕУ и на национално ниво, на пр. поддршка за институциите за учење, наставниците и учениците од сите возрасти во стекнувањето дигитални вештини, со воведување на нови методи за учење. Исто така, иницијативата го поддржува развојот и достапноста на отворените образовни ресурси.

Контекстот:

Дигиталните технологии драстично ја менуваат ситуацијата со образованието и обуката. Отворените образовни ресурси (OER) како што се „Масивните отворени курсеви преку интернет“ (MOOC) претставуваат предизвик за традиционалните модели и практики. Овие глобални промени имаат сè поголемо влијание врз институциите за образование и обука, наставниците, учениците и врз издавачите, меѓу другите. Но, освен предизвици, револуцијата на ИКТ носи и нови можности – за нова публика, нови даватели на услуги и нови бизнис модели. И покрај напорите што земјите-членки и ЕУ досега ги вложија во областа на дигитализацијата, европските системи за образование и обука ја губат водечката улога во овој процес на промени.

Настанот:

Нели Крос, потпретседателот одговорен за Дигиталната агенда и Андрула Василиу, Комесарот за образование, култура, повеќејазичност и млади, заедно ќе ја претстават иницијативата „Отворање на образованието“ на пладневниот брифинг во прес-центарот на Европската комисија, а на истиот ден ќе се објават и соопштенитето за печат и работниот документ.

Кога: 25 септември 2013 г.
Каде: Брисел, Белгија
Тема: Култура, образование и млади
Организатор: Европска комисија

Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис работи на создавање и промоција на отворени образовни ресурси.

Извор: europa.eu „The Commission presents Opening up Education, an initiative to promote innovative teaching and learning“ 24 септември, 2013.