Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com

Запознајте го edX

Во препорачаните содржини на нашиот сајт веќе ви ја претставивме извонредната Coursera. На слична тематика, бесплатни онлајн курсеви за сите заинтересирани, неизбежно е да ја презентираме и сé попопуларната edX

edX многу бргу се здоби со голем број корисници од сите возрасни групи, кои се заинтересирани да ги прошират и верифицираат своите знаења во различни образовни области. Овој едукативен ресурс е оформен во соработка на Massachusetts Institute of Technology (MIT) и универзитетот Харвард (Harvard University).

edX е надградба на претходниот систем на MIT, MITx, и е целосно заснован врз принципот на слободни образовни материјали и софтвер со отворен код.

Листата на понудени курсеви е достапна на следниот линк: еdX courses.

Но, да не трошиме премногу зборови на претставувањето кога веќе нивните основачи се потрудиле тоа да го направат во видео форма која на најдобар начин ќе ви ја долови и филозофијата и практичните алатки на овој извонреден образовен ресурс:

 

 

Кажи што мислиш на темава

*