Препораки за напредно пребарување на интернет

Пронаоѓањето на податоци и содржини на интернет зависат најмногу од нашата способност точно да го дефинираме поимот или содржината кои ги бараме. Често содржините кои ни требаат се достапни на интернет, но ние не успеваме да го најдеме патот до нив.

Во таа смисла вештините за пребарување на содржините на интернет се од исклучително значење. Секако, ова во голема мера важи и при процесот на нашето барање на образовни содржини. Колку попрецизно, и појасно за самиот код на кој оперираат пребарувачите, ги дефинираме клучните зборови, темата, областа, толку полесно ќе добиеме подобри резултати.

Во прилог на овој напис достапен за преземање е документ изработен од „Центарот за нови медиуми“ од Скопје со клучни препораки за за напредно и специјализирано пребарување. Документот е слободен за преземање, умножување и употреба во некомерцијални цели.

Преземи (PDF формат):  Напредно и специјализирано пребарување