Одржана осмата конференција е-Општество.мк

На 14 и 15 ноември во Скопје се одржа меѓународната конференција е-Општество.мк која оваа година беше насловена: „Отворено образование за отворено општество – Да го споделиме знаењето!“. Најголемиот дел од темите и одржаните сесии беа посветени на отворените образовни ресурси и поврзаните теми кон ова прашање и област, како што се отворениот пристап, правно-институционалните предуслови за развојот на отвореното образование во земјата и државите во регионот, итн. 

Конференцијата овозможи размена на досегашни искуства, идеи и препораки за развој на образованието во иднина, сето тоа потпомогнато со употребата на новите технологии и концептот за слободно споделување.

Првиот ден беа покриени теми поврзани со отворените образовни ресурси и отворениот пристап.  Една од сесиите беше посветена на примената на софтверот со отворен код во формалнотото образование.

Вториот ден ги покри прашањата за градење заедници на интернет и концептот Отворен универзитет како идеја кон која се насочува високото образование. Исто така, се дискутираше улогата на граѓанскиот сектор во процесот на создавање ресурси кои служат за едукација во формалното и во неформалното образование.

Во продолжение се видеата од сите сессии на конференцијата во согласност со официјалната агенда на конференцијата:

Прв ден:

Сесија 1:  Добредојде и воведни обраќања. Д-р Алек Тарковски: Градење национална политика за отворени образовни ресурси.


Сесија 2: Улогата на отворените образовни ресурси и отворениот пристап во образовниот и истражувачкиот процес


Сесија 3: Употребата на софтвер во едукативни цели


Сесија 4: Стратегии за развој на отворени образовни ресурси и иновации во образованието


Втор ден:

Сесија 1: Отворени образовни ресурси, вмрежување и градење заедници


Сесија 2: Иднината на високото образование – Отворен универзитет?


Сесија 3: Како граѓанскиот сектор користи нови технологии за да креира образовни ресурси?


Сесија 4: Моќта на неформалното образование во стекнување на знаењето


Погледнете ги и фотографиите од настанот: