Archives for ноември 2012

Презентација на ООР на институтот за педагогија

 На 27 ноември се одржа презентација за отворените образовни ресурси (ООР) пред студентите од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје. Студентите беа информирани за основните поими и концепти на движењето за ООР, како и тековните развојни трендови во оваа област. [Read more…]

Презентација на ООР за наставниот кадар во предучилишните установи

На 23 ноември во Скопје се одржа презентација за отворени образовни ресурси (ООР) во просториите на градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје. Пред околу 20-тина членови на учителскиот кадар од скопските предучилишни установи беа презентирани концептите и праксите во употребата на ООР, како и достапните ресурси за овој степен на образование. [Read more…]

Второ кратко анимирано видео кое нè учи на отворено споделување на знаењето

Минатата недела, на меѓународната конференција е-Општество.мк беше промовирано второто од серијата кратки анимирани видеа за промоција на концептот отворени образовни ресурси и споделување на знаењето. Видеото се вика „Правопис“ и низ куса шеговита приказна пренесува една честа сцена од секојдневието, потсетувајќи нè колку е важно образованието, како формалното, така и неформалното.

[Read more…]

Одржана осмата конференција е-Општество.мк

На 14 и 15 ноември во Скопје се одржа меѓународната конференција е-Општество.мк која оваа година беше насловена: „Отворено образование за отворено општество – Да го споделиме знаењето!“. Најголемиот дел од темите и одржаните сесии беа посветени на отворените образовни ресурси и поврзаните теми кон ова прашање и област, како што се отворениот пристап, правно-институционалните предуслови за развојот на отвореното образование во земјата и државите во регионот, итн.  [Read more…]

Препораки за напредно пребарување на интернет

Пронаоѓањето на податоци и содржини на интернет зависат најмногу од нашата способност точно да го дефинираме поимот или содржината кои ги бараме. Често содржините кои ни требаат се достапни на интернет, но ние не успеваме да го најдеме патот до нив.

[Read more…]