Јутјуб како ООР

Кога се зборува за отворени образовни ресурси (ООР), видео сервисот „Youtube“ е речиси неодминлив. Можностите за слободно споделување на видео содржини и ефикасната употреба на визуелната комуникација го прават „Youtube“ извонредна алатка за сите образовни намени и пригоди.

Покрај извонредниот голем број на индивидуални иницијативи, содржини и канали кои може секој од нас да ги најде на „Youtube“, сепак овој видео сервис има специјализирано „катче“ за оваа намена.

Во посебниот оддел на „Youtube“ за образование, „YouTube Education“, можат да се најдат голем број видео материјали од речиси сите сфери на образованието, организирани по области, намени и степен на образование.

За олеснување на пристапот, како и за дополнителни уредувачки опции, „Youtube“ нуди можност за пристап преку „YouTube Schools“ одделот, кој е мошне погоден за употреба од образовните институции.

На „Youtube“, и на подршката во аудио-визуелното учење кое тој ја овозможува, се гледа како на еден од главните ресурси за т.н. образование на 21-от век: