Archives for октомври 2012

Осма меѓународна конференција е-Општество.мк

Метаморфозис и во 2012 продолжува со одржување на традиционалната конференција е-Општество.мк. Oсмата меѓународна конференција е-Општество.мк, оваа година ќе биде на темата: „Отворено образование за отворено општество – Да го споделиме знаењето!“, а ќе се одржи на 14 и 15 ноември во хотелот Холидеј Ин во Скопје, Македонија. [Read more…]

Одбележување на неделата на отворен пристап

 Одбележување на неделата на отворен пристап На 24 октомври, во салата за превод и толкување на Филолошкиот факултет во Скопје се одржа настан за промоција на отворениот пристап во Македонија. Настанот го одбележаа презентациите на проф. д-р Владимир Трајковски од Филозофскиот факултет, Димитар Попоски, докторанд на отсекот за информациски науки во Загреб, Ирина Шумадиева и Сеад Џигал, координатори на проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси во Македонија“. [Read more…]

Работилница за ООР во општина Аеродром

На 24 октомври во основното училиште „Љубен Лапе“ од Скопје беше одржана работилница за отворени образовни ресурси (ООР) пред група наставници од основните училишта во општина Аеродром. Наставниците беа запознаени со основните цели и концепти на движењето за отворено образование и за концептите, најновите трендови во користењето на интернетот и дигиталните алатки во образованието, како и за достапноста на отворените ресурси слободни за употреба. [Read more…]

Википедија – презентација и прирачник

Кога се зборува за отворени образовни ресурси, еден од најважните проекти во оваа област е проектот на отворената енциклопедија, Википедија. Обемот на знаење, информации, содржини од речиси сите области на науката, историјата, технологијата, популарната култура, и други, ја правата Википедија уникатен проект со нерпоценливо значење од глобален карактер. [Read more…]

Ретро: Отворен онлајн курс за UML

Минатата недела професорот Владимир Трајковиќ од ФИНКИ сподели со ООР тимот информација дека пред десетина години тим од ЕТФ од Македонија, од која и тој бил дел, има објавено, веројатно, еден од првите отворени онлајн курсеви. Се работи за курсот за „UML“ (Unified Modeling Language). [Read more…]