Што е „ThinkQuest“?

ThinkQuest“ е онлајн платформа која им помага на учениците, и  на сите заинтересирани, да развијат вештини и знаења за 21-от век,  вклучувајќи и развивање на вештините за комуникација, критичко размислување, како и знаења за ефикасна употреба на технологијата.

„ThinkQuest“ вклучува:

ThinkQuest-проекти: Овозможување на средина која го поддржува колаборативното учење.

ThinkQuest-натпревари: Различни натпревари кои се предизвик за учениците и преку кои  тие имаат можност да решаваат вистински проблеми присутни во светот.

ThinkQuest-библиотека: Едно од најголемите светски складишта на развиени проекти за учење, посетувани од страна на милиони „веб-ученици“ секој месец.

ThinkQuest-професионален развој: можности за професионален развој за наставниците.

Преку користење на библиотеката корисниците на „ThinkQuest“ можат да се поврзат со илјадници сајтови креирани од млади луѓе. Сајтовите се организирани во образовни категории (книги, литература, историја, технологија, итн.), кои се слободни за користење, додека комерцијалните содржини се исклучени и забранети.

„ThinkQuest“ овозможува вмрежување на учениците и наставниците, а со тоа и оформување на погодна средина која поттикнува соработка и заемна креативност.

Повеќе за „ThinkQuest“ информирајте се на следниот линк од нивниот сајт (англ.): „What is ThinkQuest?“