Проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“ презентиран во Приштина

Како дел од четиридневната конференција за слободен софтвер и сродни трендови во сферата на знаењето, која се одржа 7-10 септември во Приштина, Косово, претставник од Метаморфозис во рамките на куса работилница ги претстави иницијативите за отвореност на науката и образованието кои се преземаат во Македонија.

Се зборуваше за искуствата и практиките со отворениот пристап, актуелните трендови во областа на отворените образовни ресурси, достапните алатки на македонски и албански јазик. Учесниците беа претежно студенти на техничкиот факултет од универзитетот во Приштина и претставници на Слободен софтвер Косово. Воедно, беа претставени изданијата на Метаморфозис во оваа област, од кои примероци беа делени за време на настанот.