Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com

Новите медиуми како образовна алатка

Значењето на новите медиуми и како тие ја изменија нашата комуникација е веќе нашироко и надолго елаборирана тема. Социјалните мрежи, блоговите, видео сервисите, и така натаму, веќе се неодминлив дел од нашето секојдневие и во голема мера одредуваат со кого, како и колку комуницираме.

Потенцијалот на новите медиуми за комуникација, дигитално публикување и дружење е евидентен, и тој е секако најпрактикуваниот дел од сервисите и сајтовите преку кои функционираат овие нови медиуми. Но, од друга страна, многу важен сегмент од новите медиуми е и нивниот потенцијал за комуницирање од поинаков тим, односно за размена и ширење на информации и знаења во образовни цели.

Блоговите, Youtube, Facebook -групите, Twitter, SlideShare и многу други, имаат извонредни погодности за објавување образовни содржини и материјали, нивно споделување, како и таргетирање на овие содржини кон оние кои се најзаинтересирани.

Во пракса, блоговите најчесто се користат како погодно место да се објавуваат образовни содржини (лекции, предавања, презентации, фото и видео содржини, и др.) и на тој начин лесно да им бидат достапни на сите заинтересирани. Околу самите блог објави лесно се развива дискусија, се доградуваат информациите, се разменуваат искуства и тие лесно се шират до сите заинтересирани и надвор од првичниот круг. Сличен потенцијал имаат и Фејзбук групите, со можности за објавување, дискусија, како и брзо и лесно споделување.

Youtube пак ја подржува визуелната комуникација и нејзиниот придонес во наставата. Прикажувањето на некои наставни единици или пак материјал е многу повпечатливо ако во приопштувањето се придодадат и видео материјали. На пример, во биологијата, споредете колку е повпечатливо ако да речеме осмозата ја видите преку соодветен видео материјал, наспроти ограничените можности на печатениот материјал со текст и фотографија.  Тоа е секако само еден мал дел од креативните можност кои ги отвораат новите медиуми и интернетот од втора и трета генерација.

Сите сме биле сведоци како Твитер на конференциски настани може да биде одлична алатка за пренесување на информациите кон поширока публика, да се отвори прашање, да се прошири дискусијата, да се приопшти некоја нова информација и слично. Сето ова е можно во која друга цел или пригода, па така и за одредена тема од предавање, презентација, лекција, истражување и слично. Твитер се смета за многу едноставна и крајно корисна алатка за ширење на информации и дискусија и овозможување на т.н. „Augmented Learning“, односно „засилено учење“.

За илустрација на сето ова погледнете го видеото „The Twitter Experiment“за тоа како може едно предавање да го искористи Твитер во интерактивна настава:

Приклучете се и вие кон овој бран корисни промени и обидете се да го увидите потенцијалот, како и да ги примените можностите на новите медиуми во цели од јавен интерес.

 

Кажи што мислиш на темава

*