Мултимедијални содржини за безбедност и приватност на децата на интернет достапни на 5 јазици

Игра: Зависност од четВо рамките на проектот за децентрализирана соработка меѓу Македонија и Долна Нормандија, се направи јазична адаптација на мултимедијалните ресурси за едукација и подигнување на свеста на децата во врска со потенцијалните опасности на интернет.

Овие содржини се претходно развиени на македонски и на албански јазик, но поради добриот прием од страна на децата, се прилагодија и за користење и гледање од страна на деца кои го зборуваат ромскиот, турскиот и францускиот јазик.

Ромските и трските верзии се, пред сè, наменети за децата од овие етнички заедници кои живеат во Македонија, но темата е универзална, па лесно можат да ја преминат границата и да се користат и во други земји. Француските верзии пак, се наменети за нивна промоција преку дигиталните клубови во Долна Нормандија, со потенцијал да се рашират и повеќе.

Со темите се опфатени: онлајн-грабливците, сајбернасилството, заштитата на лозинките, зависноста од игри и чет, онлајн-купувањето, плагијатот…

Игри македонски албански ромски турски француски
Филмови македонски албански ромски турски француски