Донесена Париската декларација за ООР 2012

На светскиот конгрес за отворени образовни ресурси одржан во УНЕСКО, Париз, 20-22 јуни 2012, беше донесена Париската декларација за ООР 2012, која се повикува на повеќе претходни релевантни меѓународни декларации.

На конгресот е нагласено дека терминот Отворени образовни ресурси (ООР) бил создаден за време на Форумот на УНЕСКО за отворена настава од 2002 година и дека истиот означува „настава, учење и материјали за истражување во која било форма, од дигитален или друг тип, а кои се дел од јавниот домен или се издадени под отворена лиценца која овозможува бесплатен пристап, употреба, адаптација и редистрибуција од други лица, со ограничувања или со одреден број ограничувања. Отвореното лиценцирање е вградено во рамките на постојната рамка за права на интелектуална сопственост, како што е дефинирано од страна на релевантните меѓународни конвенции и го почитува авторот на делото.“

На Конгресот е дадена препорака, државите, во рамките на нивните капацитети и овластувања: да ја поттикнуваат свеста за ООР и нивната употреба, да го поттикнуваат создавањето средини поволни за користење на информатичката и комуникациска технологија (ИКТ), да обезбедат широко распространета мобилна технологија, да го зајакнат развојот на стратегии и политики за ООР, да го промовираат разбирањето и употребата на рамките за отворено лиценцирање, да поттикнуваат истражувања за ООР, како и развој и адаптација на ООР во различни јазици и културни контексти итн.

Целосната декларација на македонски можете да ја преземете во PDF.