Настава и учење на 21-от век (Toolbox)

„Toolbox“ или „Збирка материјали за настава и учење на 21-от век“  е богата колекција на материјали и линкови до различни образовни содржини на македонски и албански јазик. Застапени се 6 (шест) главни образовни области (математика, биологија, хемија, физика, географија, техничко образование) и неколку дополнителни. Во рамките на овој ресурс вградени се над стотица содржини за преземање или линкови со активности и информации како се изведува(ла) наставата со помош на разни  дигитални ресурси. Покрај лесното користење, овој слободен ресурс може многу позитивно да влијае на мотивирање и поттикнување на креативноста и оформување нови идеи како да се користи интернетот и другите алатки во наставата.

Во делот на „Корисни линкови“ постои извонреден избор на различни достапни ресурси, а некои од нив ќе претставиме и на напата веб-страница.