Бабини игри

Веб-сајтот „Бабини игри“ (на англиски јазик, заб.) е развиен од страна на „Факултетот за компјутерски науки и инженерство“, Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Македонија, во соработка со NI TEKNA – Неготино. Комплетната листа на сите креатори и соработници може да ја најдете на веб страницата на овој многу интересен образовен ресурс со големо етно-културолошко значење. Проектот претставува многу интересен и иновативен начин на пренесување на знаење и културошки пракси, како и извонредна реализација на методологијата на учење низ игра.

„Бабини игри“ е проект кој има за цел да се надминат негативните аспекти на пасивните кибер-игри со креативна употреба на технологијата, како и развивање на дигитален прирачник за „Бабини игри“  кој ќе помогне во оживувањето на игрите на редица претходни генерации.

На Светскиот форум на иновативни наставници во Вашингтон, проектот „Бабини игри – подзаборавено богатство од македонските улици“ освои втора награда!