Archives for јуни 2012

Работилница за ООР

На 21 јуни во Скопје во просториите на „Метаморфозис“ беше одржана работилница со група наставници и научни работници на тема отворени образовни ресурси. [Read more…]

Настава и учење на 21-от век (Toolbox)

„Toolbox“ или „Збирка материјали за настава и учење на 21-от век“  е богата колекција на материјали и линкови до различни образовни содржини на македонски и албански јазик. Застапени се 6 (шест) главни образовни области (математика, биологија, хемија, физика, географија, техничко образование) и неколку дополнителни. [Read more…]

Бабини игри

Веб-сајтот „Бабини игри“ (на англиски јазик, заб.) е развиен од страна на „Факултетот за компјутерски науки и инженерство“, Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Македонија, во соработка со NI TEKNA – Неготино. Комплетната листа на сите креатори и соработници може да ја најдете на веб страницата на овој многу интересен образовен ресурс со големо етно-културолошко значење. Проектот претставува многу интересен и иновативен начин на пренесување на знаење и културошки пракси, како и извонредна реализација на методологијата на учење низ игра. [Read more…]

Е-uciliste

Е-uciliste.com е  проект на Влатко Бутлески, наставник во средното електро-машинско училиште „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Со помош на своите ученици, оваа група  одржува веб сајт на кој учениците можат да најдат наставни материјали, прирачници, разни помошни информации и да решаваат тестови за да си го проверат знаењето (за користење на материјалите, неопходна е регистрација). Проектот е под лиценците на Creative Commons – можеш да споделиш, само наведи извор. [Read more…]

skoool.mk

Skoool.mk е онлајн ресурс подготвен од МИОА и „Бирото за развој на образованието“ (понатаму БРО), а дел од мрежата на skool.com. Веб-страницата дава алатки и содржини од сферата на математика, физика, хемија и биологија.

Страницата содржи интерактивни аудио и видео материјали и кои можат да бидат применети во наставата. [Read more…]