Водич за отворени образовни ресурси на македонски јазик

Водич за отворени образовни ресурси на македонски јазикСедмиот „Водич за ИКТ“ на Метаморфозис е за сите, бидејќи секој што сака да учи и да стекнува нови знаења може да има корист од него. Овој водич им е наменет и на оние кои го создаваат и сакаат да го споделуваат знаењето во секоја форма со цел да го направат подостапно и пораширено.

Низ овие страници можете да се запознаете со концептот отворени образовни ресурси и сродните иницијативи, состојбата во Македонија, да прочитате примери и добри практики од нивната примена во светот, како и препораки за нивниот развој во иднина. Целта е да научиме и веднаш да го примениме знаењето.

Преземи го водичот