Образовни онлајн бази

Брзиот развој на интернетот во текот на последната деценија отвори големи можности за негова ефикасна употреба во образованието. Мултимедијалните  капацитети на широкопојасниот интернет отвораат нови опции за тоа како може да се креираат, дистрибуираат и користат образовни содржини преку интернет.

Предностите кои технологијата ги нуди се големи, а трендовите на овој план главно се сконцентрирани кон два столба: (а) олеснување на административните процедури за учениците и студентите со помош на интернетот, (б) отворање на образовните ресурси и алатки за директно и постојано користење „по потреба“ („on demand“, англ.). Со други зборови материјалите, информациите и алатките за подготовки на образовните и академските задачи и дела стануваат достапни „24/7“’, што влијае не само на квалитетот на образовниот процес, туку и врз креативноста и кооперативноста на учесниците во него, без разлика дали се работи за обучувачи, учители или професори од една страна и ученици, студенти или истражувачи од друга страна.

Од големиот број вакви онлајн катчиња, кои се развиваат интензивно, а нивниот број станува се поголем, ќе претставиме неколку:

MERLOT“ – онлајн база на мултимедијални образовни ресурси за учење и онлајн предавање;

Во неа сите заинтересирани можат да најдат огромен број информации поделени по научни области, линкови до други содржини и разни други податоци од кои секој добронамерник навистина ќе биде импресиониран.

NROC“ (National Repository of Online Courses) – онлајн база на курсеви и едукативни содржини главно за основните нивоа на образование. Низ редица мултимедијални содржини, основните поими и знаења стануваат лесно достапни и прилагодени за учење и предавање.

Education Portal – Academy“ – Образовен портал – Академија

Извонредно сликовит и корисен онлајн ресурс кој нуди содржини во голем број научни области, од алгебра, до психологија. Особено се корисни едукативните видеа кои на извонреден начин можат да го олеснат и унапредат усвојувањето и трансферот на знаење за сите заинтересирани корисници.

 

 Посочените примери можат да послужат како илустарции во кој правец се развива „образовнито интернет“ и кои искуства ги нуди тој процес. Некои од нив, секако низ призма на локалните потреби и приоритети, можат да послужат не само информативно, туку и инспиративно, за развојот на образовните можности на Интернетот и во Македонија.