Објавен конкурс за видеа на тема „Зошто отвореното образование е важно?“

Криејтив комонс, американското Министерство за образование и Институтот отворено општество го објавија стартувањето на конкурсот за видеа „Зошто отвореното образование е важно“. На натпреварот ќе се доделуваат парични награди за најдобрите кратки видеа во кои се објаснува употребата на бесплатните, висококвалитетни отворени образовни ресурси („OER“), односно видеа во кои се опишуваат придобивките и можностите кои овие материјали им ги нудат на наставниците, учениците и училиштата.

Видеата може да се поднесуваат до 5 Јуни 2012 година, а победниците ќе се објават на 18 јули, 2012 г. Институтот отворено општество ги доделува следниве парични награди; 25.000 долари (прво место), 5.000 долари (второ место), и 1.000 долари (Награда по избор од публиката). Жирито се состои од уметници и образовни експерти, како што се Дејвис Гугенхајм, Нина Палеј, Џејмс Франко и многу други. Веб-локацијата на конкурсот е whyopenedmatters.org и содржи воведно видео од американскиот секретар за образование Арне Данкан. Сите поднесени видеозаписи мора да се споделат под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор (CC BY).

Американскиот секретар за образование Арни Данкан ги нагласи разните придобивки од OER. Данкан, во едно видео на веб-локацијата на конкурсот Зошто отвореното образование е важно?, изјави, „Отворените образовни ресурси не само што може да го забрзаат и збогатат учењето, тие можат и значително да ги намалат трошоците за училиштата, семејствата и студентите“.

Кетрин Кесерли, извршниот директор на Криејтив комонс, ја истакна важноста на подигнувањето на свеста за отворените образовни ресурси. „Криејтив комонс и отворени образовни ресурси годинава навршуваат 10 години, а сведоци сме на неверојатна експлозија во количината и квалитетот на слободните, образовни содржини со отворени лиценци што се споделуваат на интернет.

Лиценците Криејтив комонс се прилагодуваат на правниот систем на секоја поединечна земја, а во Македонија се присутни со локализирано издание од 2007 година благодарение на Фондацијата Метаморфозис.

Фондацијата Метаморфозис го спроведува и проектот Отворени образовни ресурси (ООР) чијашто специфична цел е да влијае на подигнување на свеста и капацитетот на академската јавност за создавање и користење на отворени образовни ресурси).

Извор: Криејтив комонс Македонија „Објавен конкурсот за видеа на тема: Зошто отвореното образование е важно?“ 16 мај, 2012.