Насоки за развој на ООР

Светските трендови во областа на ООР се главно насочени кон збогатување на онлајн архивите, понатамошен развој на слободен софтвер за едукациски цели, разновидни средства, мултимедијални содржини, речници, прирачници и така натаму.

Во Македонија покрај интензивирање на постоечките проекти (бесплатни учебници, содржини на Википедија, материјали за презентација и изведување на наставата, и  др.), неопходно е збогатување на т.н. „дигитални образовни архиви“ или „образовно-научни онлајн архиви“, како и сродни веб-страници. Популаризацијата и активната подршка на објавување на содржини под „Creative Commons“ лиценци е засега недоволно искористено.

Обемот на достапни содржини за наставата, како и за истражувањето треба да се зголеми, особено за повисоките степени од образованието и научната работа. Потребно е да се фокусираат активностите кон акумулација на содржини кои не се ограничени во својата дистрибуција од авторските права, како што се делата со авторство постаро од 70 години, документи со високо културно и национално значење, и сл.