Каде се наоѓа Криејтив комонс во светот на авторските права?

Лиценците „Криејтив комонс“ се наоѓаат помеѓу целосно заштитените авторски права и јавниот домен, во кој пак, спаѓаат делата кои можат да се користат без никакви ограничувања и услови. Наоѓајќи се некаде на средина, овие лиценци овозможуваат заштита на авторските дела од  непосакувани употреби, додека истовремено ја поттикнуваат соработката, надградувањето на знаењата, креативноста и обемот на достапни содржини на интернет воопшто. Вака имаат полза и споделувачите и оние за кои се споделува.