Генерални искуства од примената на ООР во светот

Отворените образовни ресурси се идеја и процес кои се тесно поврзани со технолошкиот развој. Иако ООР спроведуваат активности кои се надвор од дигиталната сфера и интернетот, како што се овозможување на слободен пристап до учебници и прирачници, сепак употребата на компјутерите и интернетот во образованието е една од клучните точки врз кои тие се фокусираат. Лесното поврзување и надминувањето на географските ограничувања се веројатно најважната придобивка во образовниот процес, а за која се неопходни компјутерите и интернетот. Во земјите каде технолошкиот развој е ограничен, мошне важно е компјутеризацијата на образованието да се развива паралелно со обуката за тоа како најефикасно да се применува интернетот и дигиталните содржини и програми во едукацијата.

Некои од поважните светски искуства од примената на ООР кои треба да се издвојат за овој прирачник се:

  • ООР овозможува слободен пристап до знаењето без дискриминација по која било основа, од географска до социјална и економска.
  • ООР овозможуваат креативност во процесот на учење и иновации.
  • Креативноста и иновациите отвораат нови типови на комуникација со учениците и студентите, кои повеќе ги поттикнуваат и активираат во текот на образовниот процес.
  • ООР ги намалува трошоците за учениците, студентите и различните организации.
  • Придонесувањето кон ООР значи придонесување и кон светската ризница на споделени знаења и се промовираат принципите на отвореното образование.
  • ООР го поттикнува развојот на слободниот софтвер и негова ефикасна примена во едукацијата.
  • ООР го помага развојот на општествата, го јакне стручниот кадар и образовниот капитал.